Владата нуди 400 стари објекти за нови инвестиции

Bez autora
Jul 01 2013

Владата нуди над 400 стари деловни објекти или делови од поранешни македонски фабрики за реализација на таканаречени браунфилд-инвестиции, со кои ќе се стават во функција старите капацитети во земјава. Владата подготви листа, односно база на податоци во која се претставени постојни капацитети погодни за реализација на браунфилд-инвестиции“, која ќе биде објавена веб-страницата на Владата и на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот. За еден-два месеца Агенцијата треба да изработи специјализирана интернет-страница за можностите и за ресурсите за браунфилд-инвестиции, а податоците од листата ќе бидат испратени и до дипломатско-конзуларните претставништва и до економските промотори. Владата е особено насочена кон привлекување инвестиции однадвор, кои во најголем дел би требало да бидат инвестиции што се од нула, или попопуларно наречени гринфилд.

Владата нуди 400 стари објекти за нови инвестицииВладата нуди над 400 стари деловни објекти или делови од поранешни македонски фабрики за реализација на таканаречени браунфилд-инвестиции, со кои ќе се стават во функција старите капацитети во земјава.

Владата подготви листа, односно база на податоци во која се претставени постојни капацитети погодни за реализација на браунфилд-инвестиции“, која ќе биде објавена веб-страницата на Владата и на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот. За еден-два месеца Агенцијата треба да изработи специјализирана интернет-страница за можностите и за ресурсите за браунфилд-инвестиции, а податоците од листата ќе бидат испратени и до дипломатско-конзуларните претставништва и до економските промотори.

- Владата е особено насочена кон привлекување инвестиции однадвор, кои во најголем дел би требало да бидат инвестиции што се од нула, или попопуларно наречени гринфилд. Но, се разбира дека во огромен процент Владата посветува полно внимание и на воспоставување модалитети за реализација на т.н. браунфилд-инвестиции, односно инвестиции што се реализираат во веќе постојни капацитети кои се сопственост на разни субјекти од државата, преку процес на нивно рекомпонирање, реструктурирање, реновирање и воведување нови процеси за работа, за производство или извршување друг вид дејност - објасни портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

На листата се најдоа над 400 единици на ресурси, во кои спаѓаат цели комплекси или делови од комплекси од поранешни производни капацитети, како што се фабрики, хали, сали, магацини, деловни згради, туристичко-сместувачки капацитети, одморалишта, земјоделски капацитети, како оранжерии, делови од комбинати, производни површини и слично. Овие единици на ресурси располагаат со објекти во површина повеќе од 1,7 милион квадратни метри, а заедно со дворовите, земјоделските површини поврзани со процесот на производство, градежните земјишта и слично, станува збор за вкупна површина од повеќе од 4,5 милиони квадратни метри.

Меѓу попознатите капацитети што се најдоа на листата се: Фабрика за акумулатори - Пробиштип, Јака табак - Радовиш, Фротирка - Делчево, Македонка - Штип, Фабрика Македонија - Неготино, Хемтекс, Застава - Охрид, Езерка - Охрид, АДГ Маврово, Порцеланка - Велес, Kиро Kучук - Велес, Отекс, ЕМО, Металка - Kичево, Kарпош - Kрива Паланка, хотел Македонија - Берово, одморалиште Стар Дојран, хотел Фламенго Охрид, МЗТ Пумпи Берово, Огражден, Фабрика за кабли - Неготино, Леснина, Бујото...

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik